Османи се сретна со претставници на македонската дијаспора во САД


 

Македонската дијаспора во САД има голем ангажман во лобирање и промовирање на интересите на Македонија пред претставниците на американската администрација,  политичките и бизнис елити, оцени министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на средбата со нејзини претставници во Њујорк. Османи учествува на сесија на Генералното собрание на ОН. Средбата на Османи беше со претставници на дијаспората од државите Њујорк и Њу Џерси.

Тој изрази благодарност за досегашните активности на дијаспората за зачувување на јазикот и културата, меѓу другото и преку реализација на дополнителна настава на мајчин јазик, при што имаше можност да ги посети училниците каде се изведува наставата на албански јазик.

„Дијаспората позитивно придонесува за нашиот имиџ во странство и е важен мост, кој не можеме ниту смееме да не се обидуваме и искористиме. Во услови на  потенцирана промена на структурата на миграцискиот контингент и неговите растечки развојни потенцијали. потребата за воспоставување на посилна соработка со дијаспората е од исклучително значење“, нагласи Османи на средбите.