Османи: Идејата за внес на Бугарите во Уставот e од претставник на ВМРО-ДПМНЕ
Идејата за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот како решение на односот со Бугарија за првпат ја слушнав од висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, всушност, е родена идејата за решавање на разликите на овој начин, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.
Османи ова го кажа зборувајќи за уставните измени и ставот на опозицијата во однос на нивното усвојување. Тој не кажа кој точно функционер од опозициската партија ја дал оваа идеја.
„Јас во една прилика кажав дека првпат идејата за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот како решение на односот со Бугарија сум го слушнал од висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Истото го кажуваат луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои го разбираат процесот“, изјави Османи.