Османи: Акцискиот план со Бугарија договорен 99 отсто
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека 99 отсто се дефинирани точките од Акцискиот план со Бугарија и дека може да почнат да ја договараат Меѓувладината конференција која треба да се одржи кај нас. Преостанатиот еден процент според министерот се технички деталји и затоа е оптимист дека во наредните денови ќе го финализираат тој текст.
Тој нагласи дека емоциите треба да се тргнат настрана, а да се промовира рационалниот пристап во разговорите со Бугарија.
-Чувството беше дека во првата фаза дијалогот меѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме порационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање, рече Османи.
Запрашан дали од ДУИ се во преговори за ново парламентарно мнозинство, о Османи одговори со категорично не.
-Не, парламентраното мнозинство е стабилно , имаме набиена агенда и немаме време да се фокусираме на такви прашања што не се во интерес на граѓаните. Не верувам дека политичките игри околу мнозинството во Собранието имаат некаква важност за нив. Ние ќе се фокусираме на активностите, како оваа соработка со Западна Рајна Вествалија која ќе донесе придобивни за граѓаните, рече Османи.