Орце Ѓорѓиевски како Груевски – ќе ги субвенционира пензионерите за на бања
Орце Ѓорѓиевски ќе го обединувал Скопје околу човечноста. Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека на највозрасните граѓани им е потребно внимание, достоинство и сигурност. Преземајќи мерка од времето на владеењето на Никола Груевски, Ѓорѓиевски рече дека ќе воведе субвенционирано бањско лекување.
„Со проекетот 2500 денари за пензионерите со најниски примања ќе обезбеидиме финансиска поддшрка за оние кои живеат со најмалку средства. Позитивните практики од мерките во Кисела Вода како што се ‘итно копче’, транспорт на стари лица, нега на возрасни лица во нивниот дом ќе бидат применити на ниво на целиот град. Ќе спроведеме и целосно реновирање на сите пензионерски домови во градот“, рече тој
Меѓу другото, Ѓорѓиевски најави и системска поддршка на здруженијата кои работат со и за лица со попреченост, десетгодишна стратегија со инклузија што ќе ги интегрира младинските политики како алатка за активна вклученост на лицата со и без попреченост во процесот на креирање и импементација на инклузивни решенија, проекти за олеснета пристапност на лицата со попреченост до институциите…
Кандидатот за градоначалникт на ВМРО-ДПМНЕ уште најави помош за бездомните лица преку отворање прифатни центри со 24-часовна грижа, обезбедување основни животни услови како храна, облека и медицинска помош како и развој на програми за ингеграција во заедницата.