Орбан побара да му се земат овластувањата на Европскиот парламент и го навлече гневот


Унгарскиот премиер е во постојан судир со европските институции

Видни членови на Европскиот парламент бурно реагираа за време на викендот на повиците на унгарскиот премиер Виктор Орбан за одземање на овластувањата на на собранието на ЕУ.

„Само оние кои не ја сакаат демократијата мислат на раздробување на парламентите“, објави Давид Сасоли, претседател на ЕП на Твитер.

Во својот говор во саботата, Орбан повика на да се донесат правила за да им се дозволи на националните парламенти да го суспендираат законодавниот процес на ЕУ, доколку утврдат дека се повредени националните надлежности.

Неговите повици да се намали власта на Европскиот парламент се појавија во говорот во кој тој рече дека новопочнатата конференција на ЕУ за иднината на Европа треба да се искористи за да се запре, како што рече, „советизација“ на блокот.

„Ние сакаме демократија на демократиите засновани на европски нации“, рече Орбан во својот говор по повод 30 години од заминувањето на советските трупи од Унгарија. „Ние сме национални демократи против градители на империја“, нагласи тој, според информативната страница „Инфостарт“.

Неговиот говор, исто така, побара да се избрише изразот „сè поблиска унија“ од Договорот за Европската унија.

Орбан редовно е против ЕУ и европските парламентарци се омилена цел. Во 2018 година, тие ја активираа дисциплинската постапка на член 7 на ЕУ против Унгарија, тврдејќи дека владата на Орбан ја нарушила независноста на судството, се впуштила во корупција, ја ограничила слободата на изразување и ги повредила правата на малцинствата и мигрантите, меѓу другите проблеми.

„Значи, Виктор Орбан сака да му ги врзе рацете на Европскиот парламент, како што тоа го стори веќе со унгарскиот, и слободните медиуми, судовите, невладините организации и академците и, и, и…“, порача преку Твитер либералниот европратеник Ги Верхофштад, поранешен белгиски премиер.

„Тоа е образец води до путиновска диктатура“, додаде Верхофштад, претседател на Европскиот парламент на извршниот одбор на Конференцијата за иднината на Европа, која ја одржа својата прва пленарна седница во саботата.

Владата на Орбан минатата недела повторно се судри со ЕУ, откако парламентот на Унгарија го одобри законот со кој се забранува прикажување на хомосексуалноста до 18 години.