Општина Куманово го објави конкурсот за избор на сувенир
Општина Куманово го објави конкурсот за избор на сувенир на градот, соопштија денеска надлежните од Секторот за локален економски развој. Заинтересираните правни и физички лица можат да аплицираат за изработка на сувенир. Понудените изработки треба да исполнуваат повеќе одлики и со автентичните трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.
Како што наведуваат од Секторот за економски развој, Општината на овој начин поддржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ќе ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде адаптиран за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот, да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил. Рокот за доставување е до 21 октомври годинава.
Наградата за „Сувенир на општина Куманово“ изнесува 100.000,00 денари без ДДВ, при што првиот дел од износот изнесува 30.000,00 денари и ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000,00 денари.