Општина Карпош ќе ги субвенционира младите за теоретскиот и практичниот дел при полагањето за возачка


Општина Карпош започнува со проектот “Субвенционирање на млади лица за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија кај млади лица од Општина Карпош”.

Со цел спроведување на оваа активност која е дел од Програмата на Секторот за развој за 2026 година, потребно е Општината да изврши избор на авто школи преку кои младите лица ќе може да добијат обука за теоретскиот и практичниот дел за возачки испит за Б категорија.

Право на пријавување имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани во дејноста која ја опфаќа деноста на овој јавен повик.

Понудите за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Карпош се доставуваат најдоцна до 19.02.202 6 година преку пошта на адреса: улица Никола Русински бр.11 – Скопје, или во Архивата на Општина Карпош, најдоцна до 10,00 часот.

Линк до Повикот: https://shorturl.at/JIAbQ