Општина Карпош додели 150 хуманитарни пакети на граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик


Локалната самоуправа на Карпош, во пресрет на Велигденските празници, додели 150 хуманитарни пакети на граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик.

Со хуманитарната акција „Подај рака – донирај за твојот сосед“, одделението за детска, социјална и здравствена заштита, со пошош на граѓаните и фирмите собра 150 пакети, кои што се состојат од прехранбени производи но и хигиенски средства.

– Јас сум презадоволен од одзивот на хуманитарната акција, особено имајќи предвид дека сме во пандемија, сите се во некаква криза, меѓутоа, уште еден доказ дека имаме навистина хумани сограѓани, хумани пријатели, комшии и хумани фирми кои што оваа година донираа, изјави градоначалникот Стефан Богоев.

Тој дополни дека покрај пакетите, спроведуваат и акција за донација на душеци, односно замена на домашните душеци за спиење и најави дека и по празниците, ќе продолжат со истата.