Општина Ѓорче Петров демантира дека во паркот ќе се гради станбена зграда
Во паркот кој преставува единствено зеленило во урбаниот дел на Ѓорче Петров ќе се гради станбена зграда, обвинија советниците од општината од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а градоначалникот Александар Наумовски, денеска го демантираше тоа.
Според изјавите на советниците од ВМРО ДПМНЕ, ова го предвидуваат измените на Деталниот урбанистички план кои поминаа на седница на советот. Освен тоа симптоматично е што на истата парцела каде ќе се гради зграда, свое земјиште поседува и градоначалникот на општината, Александар Наумовски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани на Ѓорче Петров, како советник во општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, должна сум да ве информирам дека на денешната седница на советот, градоначалникот Наумовски и советниците од Социјалдемократскиот сојуз донесоа одлука, во сред парк во Ѓорче Петров, да направат огромна зграда! Замислете во единствениот парк кој го имаме, тие ќе градат зграда!
До вчера не убедуваа дека ќе изградиле други паркови како и тоа дека ќе се залагаат за нови зелени површини! Ниту нови паркови има, а и она малку зеленило што го имаме, ќе се одземе од граѓаните, во интерес на личните интереси на поединци од СДС!“, ова на Фејсбук го напиша Марија Андоновска, советник во општината Ѓорче Петров.
До вчера не убедуваа дека ќе изградиле други паркови како и тоа дека ќе се залагаат за нови зелени површини! Ниту нови паркови има, а и она малку зеленило што го имаме, ќе се одземе од граѓаните, во интерес на личните интереси на поединци од СДС!“, ова на Фејсбук го напиша Марија Андоновска, советник во општината Ѓорче Петров.
Во коментар таа ги повика невладините организации кои ги гушкаа дрвјата низ Скопје изминатиот период да им се придружат и заеднички да го заштитат паркот во општината.
„Најостро ги демантираме наводите дека е дадена маркица за зграда во реонскиот парк. Станува збор за шпекулации и груби невистини изнесени од страна на некои портали. Од паркот нема да се одземе ниту милиметар зелена површина, одговорно тврдиме. Се работи за измена на план за кој Ѓорче треба да добие вистинско градско јадро кое ќе личи, на кое ќе има Корзо со кафетерии и други организирани содржини за сите возрасти“, вели во својот демант градоначалникот Наумоски.
Потсетува дека само во изминатата година и половина успеале да ја донесат изградбата на капиталниот државен проект Универзитетски клинички центар на локација во општината, поставиле асфалт во должина од 30 км, извеле 20 км фекална канализација во руралниот дел, поставиле нови 2.500 улични светилки, повеќе од 100 нови клупи, чешми, корпи за отпадоци, поплочиле 6.000 м2 со бехатон, извеле 4 км водоводна мрежа и интензивно работат на полето на образованието, спортот, социјалната заштита, културата итн.