Општина Гази Баба ќе донира 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата
Општина Гази Баба ќе донира 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата, одлучено е денеска на седница, која почна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија.
На седницата се обрати градоначалникот Стефковски кој пред советниците истакна:
„Во мигови на голема тага и жалост во кои се наоѓа Република Македонија, хуманоста и солидарноста се најпотребни. Општина Гази Баба и нашите жители пред помалку од пет години бевме соочени со друг вид на несреќа која исто така одзема човечки животи и нанесе голема материјална штета. Во тоа време цела Македонија, соседните држави, организации и граѓани се обединија во солидарноста и хуманоста и подадоа рака за жителите на Стајковци, Црешево, Синглиќ и останатите населени места погодени од поплавата. Општина Гази Баба не заборава и затоа кога и на кого да е потребно, Општина Гази Баба ќе помага”.