Општина Чаир ќе лее статуетки на Скендербег на државна сметка


 „Постапката за јавна набавка е сеуште во тек , огласот  е отворен а проценетата вредност за јавната набавка не е јавно објавена со цел да се понудат реални цени а не економските оператори да се врзуваат за проценетата вредност. Дополнително се работи за сукцесивна набавка што значи дека се предвидени максималните количини и предвидени средства што не значи дека ќе бидат искористени сите. Јавното отварање е на 19 август. По јавното отварање ќе можеме да доставиме информација во однос на предвидените средства за предметот на набавка која во зависност од доставените понуди може да биде во помал износ од предвидените средства’, посочуваат од оваа општина. 

Според нивното објаснување, од општината Чаир се организираат различни активности од повеќе области, се остваруваат средби со високи државни и странски претставници, фондации и организации, делегации, амбасадори, успешни млади, како и институции со кои се склучуваат билатерални соработки.

„Имајќи го предвид обемот и значајноста на овие средби како и покажување на еден мал гест кон нашите гости, ние каколокална самоуправа имаме потреба за конкретната набавка и истовремено во обем кој не би влијаел кон преземените мерки за соочување со економската криза“ – велат од општината.