„Опел корса“ прогласен за автомобил на годината во Македонија


Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 25. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија. За автомобил на годината е прогласен „Опел корса“.

Претодно, од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу два избора, Националното жири одреди шест финалисти кои рамноправно конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2020“.

Победникот како награда доби стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, направено специјално за Изборот на автомобил на годината уште од 1995 година.

Листа на финалисти ја сочинуваа: „Киа хСид“, „Тојота РАВ 4“, „Опел корса“, „Мазда 3“, БМВ1 и „Сангјонг корандо“.

При изборот, жирито се раководеше од шест критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфор и опременост.

За СУВ на годината беше избран „Тојота РАВ 4“, признанието „Томислав Биљарац“ за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија беше доделено на Славка Каленикова.