Опасноста од срцев удар е зголемена за празниците


Бројни досегашни научни истражувања покажале дека за време на божиќните ио новогодишните празници забележан е зголемен број срцеви удари, па така од 25 декември до 1 јануари од инфаркт умираат повеќе луѓе од кој било друг период во годината.

Американскотот здружение на кардиолози предупредува дека во овој период од инфаркт на срцето уумираат најмногу луѓе токму поради празниците и стресот кои тие го носат. Се конзумира повеќе храна, алкохолни пијалоци, а и луѓето помалку се движат.

Затоа водечката светска непрофитна организација за здравје на срцето и мозокот изнесе прелози со кои за празниците може да го избегнете потенцијалниот удар и понуди совети кои би ви помогнале да поминете безбедни , среќни и здрави празници.

Рутината е нарушена

„Празниците за повеќето луѓе се стресен период во текот на кои обично мора да се исполнат многу обврски, често во исто време. Рутината е нарушена, јадеме и пиеме, а помалку вежбаме и малку се опуштаме. Истовремено, многумина меѓу нас не го слушаат својот организам или не обрнуваат внимание на знаците на предупредување, како притисок или болка во градите, често следени со недостиг на воздух, мислејќи дека може да почека да одиме на лекар по празниците. Оовој празничен период се наведува дека може да придонесат кон зголемен ризик од срцев удар“, вели д-р Доналд Лојд-Џонс, претставник на Алерикансото кардиолошко здружение.

„Ситуацијата може да биде уште потешка за оние кои поради ковид-кризата и мерките на ограничување минатата година не успеаја празниците да ги поминат со блиските од семејството и пријателите. Многу е важно луѓето да бидат свесни за овие ризици. Советуваме да преземете неколку едноставни чекори кои ќе ви помогнат да го одржите срцето здраво, а ќе ви овозможи и пријатна работа во новата година“, сложни се кардиолозите.

Неколку работи во овој празничен период треба да се имаат на ум, а списокот може да го проверите два пати.

Совети од кардиолозите

Знаците на срцев удар може да се разликуваат кај мажите и жените, но мора да ги знаете за да може да ги препознаете.

Важно е што побрзо да добиете лекарска помош, со што изгледите за преживување ви се поголеми и се спречува оштетување на срцевиот мускул.

Настојувајте да славите умерено. Времето на празници, за конзумирање поголеми количини храна и алкохол од обично, е вообичаено. Да се јаде здраво за време на празниците не значи дека треба да се ускратите од некоја вкусна храна, туку тоа да го правите умерено и во помали порции. Секако, мора да се води сметка за внесот на сол во организмот.

Движењето е битно
Одвојте време за себе и за време на напорните празнични денови. Обидете се да го намалите стресот, кој може да ви го наметнат семејните видувања, финансиските импликации, брзиот распоред, а тоа се однесува и на патувањата.

Движете се. кардиолозите препорачуваат да организирате дневна семејна прошетка со најблисиките, каде ќе може надвор да се дружите и да се забавувате, а сепак, да бидете физики активни.

Не заборавајте редовно да ги земате пропишаните лекови. За време на празниците неретко се случува да заборавите да испиете доза од лековите навреме. Сепак, земјате ги редовно и јавете се налекар ако имате болка во градите или недостиг на воздух.