Оливер Вархеи идната недела доаѓа во Скопје

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи доаѓа идната недела во Скопје, на 1 март, за да учествува на Скопскиот економски форум кој се одржува по втор пат. Овој собир е дел од Делфи економскиот форум.
На собирот во Скопје ќе усчествуваат тројца премиери, на Македонија, Црна Гора и Косово, Димитар Ковачевски, Дритан Абазовиќ и Албин Курти, повеќе министри, бизнисмени и амбасадори.
Но орумот ќе се расправа за влијанието на руската агресија на Украина во Југоисточна Европа една година подоцна, за приклучувањето на Западен Балкан кон Европската унија, за регионалните енергетски поврзувања, како и за странските инвестиции.