Олимписки шампион се разбуди од вештачка кома, но не знае дека му се отсечени рацете и нозете
Конечно, малку надеж по низата лоши вести за Роман Костомаров (46). Како што пренесуваат медиумите, олимпискиот шампион во уметничко лизгање на мраз се разбудил од вештачка кома и може самостојно да дише. Иако неговата состојба и понатаму е критична, добро напредува.
Еден од најпознатите руски лизгачи на почетокот на годината примен е на одделението за интензивна нега, каде е ставен на респиратор поради тешко воспаление на белите дробови по корона вирусот. Поради гангрена мораше да дојде до ампутација на нозете.
Ткивото во стапалата изумирало поради нарушена циркулација, а потоа му беа ампутирани и делови од рацете, за да се спречи ширење на бактериите и одумирање на другите делови на телото.
Здравствената состојба на 46-годишниот спортист нагло се влоши, па доживеа два мозочни удари, но конечно добри вести стигнаа откако соопштија дека се разбудил од кома.

Сепак, лекарите и понатаму се многу загрижени, затоа што и покрај ампутациите, постои прогресивна некроза – што значи ќелиите и ткивото неповратно умираат.
Според извештаите, Костомаров уште не е свесен што му се случило, а како што пренесува порталот woman.ru, веќе е ангажитран психолог кој треба да му помогне да ја прифати новонастанатата ситуација.

Костомаров освои златен медал на Зимските олимписки игри во Торино 2006 година заедно со Татјана Навка. Во двојка со неа два пати го освојуваа Светското првенство и три пати Европското.
Освен со Татјана навка настапувал во двојка и со Ана Семеновиќ и со Екатерина Давидова.