Ѓоковиќ падна на четвртото место на АТП листата, Синер се зацврсти на врвот


Јаник Синер ја започна 14-та недела на врвот на АТП листата, додека Новак Ѓоковиќ доживеа очекуван пад.

Младиот италијански тенисер по триумфот во Њујорк ја зголеми предноста на светската листа и е со огромни изгледи сезоната да ја заврши како најдобар светски тенисер. Сега има 11.180 бодови, дури 4.105 повеќе од новиот второпласиран, Германецот Александер Зверев.

Данил Медведев и Андре Рубљов ги задржаа петтото и шестото место, а напредок од дури пет места бележи финалисот во Њујорк, Американецот Тејлор Фриц.