ОЈО за пукањето во Арачиново: Убиство заради долгови, едниот уапсен, по другиот се трага


Фото: Б. Грданоски

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.

Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага.