Ограбен „Комуналец“ Прилеп


Во неделата, околу 16 часот на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(39) и Е.Р.(35) од Прилеп.

Тие се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети.

Тие биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на правното лице.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.