Официјално отворање на Скопскиот поетски фестивал


Четврто издание на Скопскиот поетски фестивал се одржува  до 1 јуни на неколку локации во Скопје – Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“.

Гостуваат поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети. Официјалното отворање е вечер во 20 часот во МКЦ.

-Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и  јога-час и поетско читање во природа, соопшти организаторот. 

Мотото на годинашниот фестивал е „Борба. Не војна!“. Автор на постерот е Андреј Павлов.