Одложена испораката на американски ловци на Софија 


„Ф-16 Блок 70“е меѓу најнапредните борбени авиони во светот

Доставата на втората серија од осум американски ловци Ф-16 Блок 70 во Бугарија повторно е одложена и сега се очекува во вториот квартал од 2030 година.

Ова е доцнење од речиси две и пол години во споредба со првичниот рок од 2027 година.

Локид Мартин објави дека имало тешкотии во производството во фабриката во Гринвил.

Бугарија ги доби првите осум ловци Ф-16 Блок 70 од САД минатата година и плати околу 1,12 милијарди евра за нив.

Како што објавија бугарските власти во тоа време, од потпишувањето на договорот во 2019 година, околу 153 милиони евра се издвоени за „надградби на инфраструктурата“, а 49 одделни инфраструктурни проекти се спроведени за да се обезбеди правилно функционирање и складирање на авионите.

По реновирањето на воениот аеродром во близина на Пловдив, можно е безбедноста на воздушниот простор да ја обезбедуваат и авиони од земјите на НАТО.

Во тоа време беше наведено дека не е реално Ф-16 да бидат во состојба на готовност во 2026 година.

Постои можност за 2027 година, но одлуката за борбена должност зависи од командантот на воздухопловните сили.