Одличен старт на Олмо во Барселона. Флик: Ја направи разликата во второто полувреме


Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик го посочи засилувањето Дани Олмо како клучен играч во победата над Рајо Ваљекано.

Каталонците синоќа како гости забележаа победа со 2:1 во 3. коло на Шпанското фудбалско првенство.

– Првите минути од натпреварот не одеа како што сакавме. Немаше притисок и не се справивме добро со топката. Барселона беше многу подобра во вториот дел. Мислам дека трите бода се фер резултат. Во второто полувреме добро ја контролиравме топката и причината беше што Дани Олмо беше на теренот. Тој е многу добар со топката и во пресинг без топка. Тој ја направи разликата во вториот дел. Ќе го анализираме целиот натпревар во пресрет на саботниот натпревар. Сега имаме максимални девет бода, но работата се уште не е завршена. Треба уште да се подобруваме, изјави Флик.

Барселона е лидер во поредокот во Ла Лига со 9 бода, Рајо Ваљекано е на 8. место со 4 бодови.