Одгледување на најскапиот зачин во светот – моќен антидепресив

Шафранот (Crocus sativus) е медитеранско растение. Сака жешки и сушни лета, но  преживува и ладни зими. Толерира мраз и краткотраен снежен покривач и добро реагира на обилни дождови и сушни лета. Со оглед на големата побарувачка за шафран на Европските и светските пазари и неговата пазарна цена која се проценува на околу 700 долари за 1 кг минимално, а максималната може и до 1100 долари за 1 килограм. Она што е негова предност е што е најскапиот зачин на светот и од него може доста да се заработи. Тој е доста скап несамо поради неговите својства како зачинска билка туку и поради комплексниот начин на берба односно избирањето на соодветното време за неговата берба и големите бројки на цветови , односно напорното собирање на големиот број на цветови кои се потребни за да се добие 1 килограм шафран од еден декар земјиште (150 000 – 200 000 цветови/декар), а за 1 грам потребни се 100-200 цветови.

Виолетов цвет со прекрасен мирис и декорација на почвата.Така изгледа шафранот кога цвета од крајот на септември до почетокот на декември.

Идеалната површина за одгледување на шафранот е земја изложена на многу сонце и малку сенка. Шафранот се наоѓа во форма на луковица која се засадува во лето во периодот помеѓу јули и август. Традиционално шафранот се сади во леи заради добра дренажа со што се постигнува контрола  над условите за развој на коренот и осугурува витален  период на мирување.  Почвата  треба да биде плодна, добро дренирана и да е промешана со песок, со висока  содржина на органски материи, а за да се добие поголем принос наместо ѓубрење добро е да се користи шрихранување со калиум во доцните летни денови.

Во древните времиња шафранот се користел како лек против депресија и на многумина им помогнал да се справат со неа.

Денес, шафранот се употребува за медицински цели и за подобрување на циркулација, лекување срцеви болести и подобрување на работата на крвните садови, како превенција за подобрување на циркулацијата, лекување кожни болести….

100 грама шафран содржи:

– 310 калории;
– 5,85 масти;
 65,37 јаглехидрати;
– 80,80 витамин Ц;
– 3,90 растителни влакна;
 11,10 железо;
– 264 магнезиум.