Одбраната на Камчев бара од Советот на Европа да го следи неговиот случај
„Поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната на господинот Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг на случајот односно овој случај да биде дел од процесот на мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа“, пишува во писмото.