Од воздух ќе се гаси пожарот над Цер (Видео)


Во последното деноноќиео егистрирани се 15 пожари на отворено  и од нив активен се води само уште еден на место викано Рамнин.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на с.Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води сè уште како активен.

Од ЦУК се известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Од подружница „Лопушник“, вчера има интервенирано екипа со пет вработени и месно население од с.Цер но поради големата оддалеченост и исцрпеност екипата е повлечена по околу 17 часот.

Денеска е планинароно да се интервенира со воздушна поддршка од страна на МВР.