Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините


Фото: Б. Грданоски

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

 Минималната температура ќе биде во интервал од – 1 до 10, а максималната ќе достигне од 2 до 13 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни, над 30 литри на метар квадратен.

Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.