Од урнатините на зградата во Мајами извлечени уште четири тела


 

Спасувачите на Флорида, САД, пронајдоа уште четири тела во урнатините на зградата во мајами и сега има вкупно девет починати, а 156 лица се сметаат за исчезнати, откако зградата падна во четвртокот наутро.

„Правиме напорти за да ги идентификуваме новите тела кои ги пронајдовме“, вели градоначалничката на округот Мајами, Даде Данеила Левин Кава.

Во саботата вечерта беа објавени имињата на уште три жртви, а во петокот на една жртва, 54-годишна жена која живеела во еден од становите.

Неколку блока од местото на несреќата верниците се собираат во блиската црква за фа ги оплакуваат жртвите и да се молат за исчезнатите, меѓу кои и 11-годишно девојче, чие семејство, исто така, се смета за исчезнато.

Градоначалникот на Сурфсајд, Чарсл Баркет вели дека ќе се овозможи на членовите на семејствата на исчезнатите да дојдат поблизу до урнатините за да може да се молат за исчезнатите.

Снимките од воздух покажуваат дека на местото на несреќата во моментот се наоѓаат барем две дигалки и два ровокопачи. Аксијата за спасување продолжува понатаму, без да премине во санација.

„нема да сопреме сѐ додека од урнатините не ги извлечеме сите станари“, порачува Буркет.

Кава, во неделата од кризниот штаб порача дека службите имаат многу отворени разговори со семејствата на исчезнатите за тоа дали постои можност да не се пронајде повеќе ниту еден жив.

„Пожарникарите и останатите кои им дадоа информации се многу директни во своите извештаи во врска со моменталната ситуација, и продолжуваат со потрагата. И понатаму сите се надеваме дека ќе ги рпнајдеме сите луѓе, но свесни се дека наоѓаме само тела, дури и делови од тела, па подготвени се и на тоа“, вели Левин Кава за Мајами Хералд.