Од три до седум часа возење до првите морски плажи


Средината на јуни вообичаено се смета за претсезона кога се во прашање летните одмори. Но во последниве години сè почесто луѓето решаваат да летуваат во овој месец, а за тоа има неколку причини. Финансискиот дел е на прво место. Аранжманите се поевтини, што најчесто за нашите услови е причина број еден да се оди на море пред сезоната да започне.

Понудите за сместување се речиси на половина цена, а поевтин е и превозот, особено авионскиот, ако се резервира навреме. Од финансиски причини граѓаните решаваат да отидат и на најблиските плажи, а ако изборот е море, тогаш се летува во Грција или Албанија. За таа цел ги претставуваме најубавите плажи кои се најблиску до нашите граници и за само неколку часа со автомобил ќе пристигнете на море.

  1. Плажата Ѓипе – Албанија

Плажата Ѓипе е сокриен рајски предел на брегот во Албанија. До таму се стигнува со автомобил, но сепак се пешачи со самата плажа. Се протега меѓу високи карпи, што ви дава чувство дека сте на пуст остров, а не на обична плажа.

2. Заливот Грама – Албанија

Едно од најубавите места во Албанија е заливот Грама во близина на Валона. Доколку се одлучите да го посетите понесете со себе храна и вода.

3. Драч – Албанија

Плажата во Драч е една од најпопуларните дестинации за плажите во земјата и се смета за една од најразвиените плажи таму. Драч е плажа за која е најлесно да стигнете до неа бидејќи се наоѓа во самиот град.

4. Пиерија – Грција

Регионот Пиерија е еден од најблиските ако се тргнува од Скопје. Во Пиерија има неколку плажи како Метони, Платамона, Паралија, Олимпик. Лептокарија…

5. Неа Мудања – Грција

Ако се упатите кон краците на Халкидики, првото место на кое може да застанете е Неа Мудања. Изобилува со убави пејзажи и топло море