Од септември поголеми плати во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита


Од септември ќе има покачување на платите во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита, соопштија денес од владеечката партија СДСМ.

„Со неодамна донесениот Закон за служба во Армијата се обезбедени дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, а платите во овој сектор од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.Од истиот месец следува покачување на платите на вработените во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.

Со новата методологија за усогласување на пензиите, следува и рекордно зголемување на пензиите за над 320.000 пензионери.  Вложувањето во човечкиот капитал, грижата за граѓаните остануваат врвен приоритет за Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, поачаа од СДСМ.