Од полноќ поскапуваат патарините во Србија
Од вечерва на полноќ патарините во Србија ќе поскапат за 10 отсто. „Патишта на Србија“ има нов ценовник според кој цените ќе бидат поскапени.
Српскиот министер за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ го соопшти новиот ценовник и додаде дека ќе се формира комисија за наплата.
Од Белград до Ниш ќе биде 1.130 динари, а од Белград до Димитровград 1.670 динари.
Од Белград – Суботица ќе биде 800 динари, а од Белград до Шид 500 динари.
Од Обреновац до Прељина новата цена ќе биде 560 динари.
Од Белград до Врбас ќе платите 470 динари, а од Белград до Баточина 500.
Србите негодуваат, велат дека ќе плаќаат поскапи патарини од Хрватска и велат дека поскапувањето е неосновано. Министерот вели дека овие цени ќе важат до крајот на септември кога ќе се направи нова реконструкција.