Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да стане дијалект
Пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, денеска во бугарскиот парламент поднесе иницијатива со која, според неговиот предлог, македонскиот јазик би бил третиран како бугарски дијалект.
Ова не е првпат Костадинов од парламентарната говорница да ги застапува ваквите ставови. Во свои претходни настапи тој отворено тврдеше дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје.
„Преродба“ е бугарска националистичка и евроскептична партија предводена. Таа е парламентарна партија, но не е дел од власта. „Преродба“ дејствува како опозиција и остро се противи на евроатлантската политика на Софија, на воведувањето на еврото и на воената поддршка за Украина.