Од март скопјани ќе пијат поскапа вода

Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари. Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите.
Одлуката треба да биде потврдена на денешната седница на Регулаторна и да започне со важење од март.