Од „ Љубојна“ до Исмаил Лумановски – свечен Божиќен концерт во Филхармонија


Божиќен концерт на традиционални празнични песни како завршен настан од годинешната манифестација „Бадникови поворки“, се одржа синоќа во Филхармонијата.

На концертот на присуствуваа претставници од јавниот, политичкиот живот и од свештенството, а настапија македонски музичари и пејачи, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Публиката во салата но и преку преност на јавниот сервис уживаше во свечената празнична симфонија од звуци. Оркестарот го предводеше композиторот и основач на „Љубојна“ – Оливер Јосифовски, вокалот Вера Милошевска, светскиот виртуоз на кларинет – Исмаил Лумановски, групата „Чалгии мерак” и останатите врвни музичари: Филип Михајлоски – канон, Тони Арслан – виолина, Христијан Јаневски – тамбура, Роберт Ангеловски – кавали, Петар Христов – лира, Оливер Настовски – ут, Мите Наумовски – џумбуш, Анастасиос Иоану – кларинет, Демир Шакиров, Христијан Николовски и Шериф Мустафа – перкусии.
 
Како вокалисти настапија и Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски (Некст тајм) и Никола Перевски – Пере (Нокаут).