Од Ковид почина славниот актер Власта Велисављевиќ


Србија- Славниот југословенско-српски актер Власта Велисављевиќ починал денес во болницата „Драгица Мишиќ“ како резултат на компликации од коронавирус.
Според изворот, актерот бил хоспитализиран пред околу десетина дена и бил поврзан со апарати за дишење.
Власта бил, вакцинирани против коронавирус, на 21. јануари годинава.
„Се одлучив за руската вакцина, но не можев да ја примам. Медицинските лица ми рекоа дека не може да се дава на лица постари од 76 години, а јас имам 94 години. Им реков на лекарите: ‘Сакам руска поради познатиот руски писател и лекар Антон Павлович Чехов’. Мислев дека ќе ме разберат, но изгледаше дека никој не ме разбира. Малку се шегував. Да ви кажам право, не ми е гајле за која вакцина станува збор. За мене е важно да се заштитам од корона вирусот и да бидам здрав“, рекол порано познатиот глумец.