Од „историски криминал“ до „супер проект“: СДСМ за тоа како Мицкоски ја смени лентата за „Бехтел и Енка“
Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека договорот со „Бехтел и Енка“ е историски криминал, велат од СДСМ, околу денешниот увид во работата на делницата од Гостивар до Букојчани што ја гради „Бехтел и Енка“. Сега тоа е супер проект.
„’Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал’, ‘Таму се фатени буквално во сериозен криминал’ ‘Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон’, ‘Ова е историска пљачка’. Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци. Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента. Одеднаш се е различно, сѐ е супер“, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од договорот со „Бехтел и Енка“ и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните.
„Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!“, вели СДСМ во соопштението.