Од Ана Винтур до Стивен Спилберг: „Луј Витон“ и „Вог“ ги собраа ѕвездите во Париз
Париз – Додека светот се подготвува за вечерашната церемонија на отворањето на Олимпијадата во Париз во 2024 година, голем број истакнати ѕвезди од филмот, музиката, модата и спортот се собраа со стил за да го започнат престижниот спортски настан, на галла настанот „Prelude to the Olympics“.
Според Вог, домаќини на прославата биле списанието, како и компанијата за луксузни производи LVMH – која е главен спонзор на Олимпијадата во Париз – и претседателот и извршен директор Бернард Арно. Други ко-домаќини беа претседателот и извршен директор на Comcast NBCUniversal, Брајан Робертс, креативниот директор и музичар на Луј Витон, Фарел Вилијамс, и главната уредничка на Vogue, Ана Винтур.
Повеќето од присутните беа облечени во брендот Луј Витон, додека други се одлучија за други модни креации како Росалија во Кристијан Диор и Софија Буш во Кристијан Сириано.