Од 4 до 6 јули – бесплатен влез со хуманитарни билети, над 30 музички ѕвезди на Д Фестивал во Штип

Д Фестивал, најголемиот летен open-air музички фестивал во Македонија оваа година одбележува јубилејно 15 издание кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт.
Единствениот мултимедијален настан каде што музиката, уметноста и заедништвото се спојуваат во едно уникатно доживување, оваа година добива поголема хуманитарна мисија која Фестивалот ја реализира во соработка со иницијативата „Support Kocani“. Имено, Д Фестивал ова лето ќе биде со бесплатен влез за сите посетители, но со можност за купување на т.н. хуманитарни билети. Цената на хуманитарниот билет е 1500 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за иницијативата „Support Kocani“, објави на денешниот прес во Штип, организаторот „Пасворд Продакшн“, Овие билети од денеска се достапни во продажба онлајн на веб-страницата МкТикетс, на овој линк: https://mktickets.mk/event/d-festival-2025/ .