Oд 26 септември поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, при возење – 50

Полека, полека му доаѓа крајот на пешачење со телефон на уво или возење тротинети со слушалки – измените во Законот за безбедност во сообраќајот стапуваат во сила на 26 септември.
Како што пренесе Телма, преминување на пешачки со мобилен ќе се казнува со 40 евра, а возачите на тротинети, мотори или трактори кои користат електронски уреди за време на возење ќе плаќаат 50 евра.
„Пешакот е должен да се движи внимателно, без притоа да користи електронски уреди… со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека“, стои во член 116-а од Законот.
Од Нова година ќе се применува и системот „Безбеден град (Сејф сити)“, кој со видеонадзор ќе открива сообраќајни прекршоци. Но за тоа е потребно да се усвои и Законот за прекршоци, кој сè уште не е разгледан во Собранието.