Од 2026 ќе се доделува „Златен глобус“ за најдобар подкаст

Златните глобуси воведуваат нова категорија – Најдобар поткаст – почнувајќи со 83-тата церемонија на доделување награди, која ќе се одржи во 2026 година.
Засега, познати се само основни детали за критериумите според кои ќе се избира најдобриот поткаст. Организацијата објави дека секоја година 25-те најдобри поткасти ќе бидат избрани во потесен избор, а шест од нив ќе бидат номинирани. Попрецизни правила за тоа како ќе се избираат тие 25 поткасти ќе бидат објавени во наредните недели.
„Како што светот на забавата продолжува да се менува, возбудени сме што препознаваме нови форми на раскажување приказни“, рече претседателката на Златните глобуси, Хелен Хоен. „Поткастите еволуираа во моќен медиум за споделување приказни и создавање заедници низ целиот свет и низ генерациите. Со славење на достигнувањата на аудио и визуелното поткастирање, сакаме да ги почитуваме традиционалните категории, но и да отвориме простор за нови гласови и формати.“

По низата скандали на почетокот на 2020-тите, Златните глобуси беа преземени од Dick Clark Productions во јуни 2023 година. Категоријата за најдобар поткаст е третата нова категорија што ја воведоа Глобусите по обновувањето. Во 2024 година беа додадени категориите за најдобар стендап комичар на телевизија и за филмски и кино достигнувања.