Од 1 јули во Хрватска недела е неработен ден


 

По 1 јули продавниците во Хрватска нема да работат во недела. Тогаш стапува во сила новиот закон за трговија. Трговците ќе можат да избираат 16 недели во текот на годината по сопствено наоѓање кога ќе бидат отворени нивните продавници.

Повеќето продавници веќе имаат поставено распоред – туристичките области ќе бидат отворени во недела во текот на летната сезона, додека на копното фокусот е на почетокот на учебната година и на претпразничните недели на крајот од годината.

Законот предвидува и исклучоци за бензински пумпи, продавници на аеродроми и пристаништа за траекти, музеи, пазарите ќе можат да се отвораат во текот на целата недела. Работното време на киосците во недела е ограничено од 7 до 13 часот.

Ограничувањето на работата во недела делумно го решава проблемот со недостигот на работници, но, како што јави хрватската телевизија ХРТ, работодавачите тешко ќе го прежалат неделниот промет.

Хрватска, една од најтуристичките земји во Европа, смета на рекорден број посетители во летната сезона откако го усвои еврото како главна валута на почетокот на годината и ги укина граничните проверки, влегувајќи во Шенген, 13 години по пристапувањето во ЕУ.