Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави дека очекува со договорот кој што потенцијално ќе се потпише со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија, помеѓу 62 и 64, отприлика царински броеви, да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5%.
„Вреди да се напомене дека во 2025 година, билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари. Мислам дека ближиме докај 600 милиони долари во којшто имаме благ суфицит како држава. Македонија има повеќе извоз, отколку увоз во Соединетите Американски Држави. И очекувам преку овој договор, билатералната соработка и трговија да се зголеми. Но повторни ќе кажам, самиот договор по себе е единствен надвор од Европската Унија со тарифи исти какви што има Европската Унија и Обединетото Кралство. Но пораката е силна. Пораката е силна, односно порака на Високиот трговски претставник на Соединетите Американски Држави, кој што е на ниво на Секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија. Значи многу и за инвеститорите и за економската состојба во државата“, изјави Мицкоски.