Обвинувањата за расизам – удар за британското кралско семејство
Изјавите на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, која прилично недвосмислено го обвини британското кралско семејство за расизам, предизвикаа шок кај британското општество. И онака, долго време се пишуваше за заплетканите врски на принцот Хари и неговата сопруга со други членови на семејството, но од, наводно, вистинската причина зошто Хари и Меган побегнале од Велика Британија пред повеќе од една година, се чини, многумина се непријатно изненадени.
Така, со своја реакција се јави и Кејт Грин, министер за образование на „владата во сенка“.
– Сигурна сум дека (Бакингемската) палата ќе биде многу внимателна околу тоа што се случи и, се разбира, поданиците очекуваат што ќе се каже како одговор. Но, во никој случај не може да има изговори за расизам. Мислам дека е потребно да се открие што ќе се случува по овие изјави, вели Грин.
Не помалку сериозни обвинувања од Хари и Меган беа упатени до британските таблоиди. Тие и помладиот син на принцезата Дијана имаат стари сметки. Значи, за британските теми, целата приказна стана само позаплеткана.
Ајдара Сури, агент за недвижнини вели дека не е многу јасно што точно се случило завчера.
– Обвинувањата се силни, но не можете да пресудите без да ги слушнете двете страни!, рече таа.
Познавачите велат дека слични изјави, не само за расизам – се најлошото сценарио за кралското семејство. Но, по интервјуто, Опра Винфри истакна дека обвинувањата не се однесуваат ниту на кралицата, ниту на нејзиниот сопруг.
И Емили Неш, новинарка во списанието „Хело“, смета дека ова е силен удар врз институцијата што го води Британскиот Комонвелт, домаќин на шефови на држави од целиот свет, и којашто придонесува многу за бројни добротворни цели.
– Земете го, на пример, принцот од Велс (Чарлс, првиот престолонаследник) – и неговата прилично нова фондација. И тој ќе биде апсолутно уништен од ваквите обвинувања, вели таа.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сѐ ова е грижа на самото кралско семејство. Бакингемската палата засега сѐ уште не се јавила со официјално соопштение.