Обвинител од Охрид, лажно се претставувал како адвокат во три случаи


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност.

Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело.