Обновена хоризонталната сигнализација во Буњаковец
Службата за бележење на хоризонтална сигнализација на ЈП Паркинзи на Општина Центар изврши обновување на сигнализацијата во сектор Буњаковец во околината на Општинското Основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ и градинката „13 Ноември“ како и во сектор Пролет ООУ „11 Октомври“.
– Во наредниот период службите продолжуваат со бележење во зоните на образовните институции кои се под Општина Центар. По завршување на бележењето на сигнализацијата ќе биде повидливо и побезбедно одвивањето на сообраќајот, велат надлежните.