Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини снег


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до осум степени.

Во недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.