Објавена снимка како милитантите на Хамас мачат заробени израелски женски војници


Израелскиот Форум на семејства на затвореници и исчезнати објави видео од киднапирањето и мачењето на израелски војници за време на нападот на Хамас на 7 јули.

Израелскиот форум на семејства на затвореници и исчезнати објави видео од киднапирањето и тортурата на израелски жени – војници на 7 декември 2023 година во базата Нахал Оз, која ја снимија терористите на Хамас.

На снимката се гледаат женски војници облеани во крв и врзани како седат до ѕид додека мртвите војници лежат на подот околу нив. Во еден момент терористите почнуваат да ги фотографираат, а една од жените вели дека има пријатели во Палестина, обидувајќи се да се спаси.

Притоа, војниците на Хамас ги замолчуваат женските војници со закана дека ќе ги убијат. Еден од терористите се слуша како вели „Еве ги девојките“ што имплицира дека би можеле да забременат. „Тоа се ционистки, вие сте толку убави“, додава терористот.

Нашите браќа загинаа поради вас и ќе ве убиеме“, се заканите упатени до војниците.

Семејствата на киднапираните војници одлучија да ги објават делумно цензурираните снимки за да го покажат насилството и понижувањето што мораа да го претрпат нивните ќерки.

Петнаесет војници од базата Нахал Оз беа убиени на 7 октомври. ИДФ не објави колку се уште се во заробеништво, пишува Израел Хајом.

„Ова е најстрашното видео од заложниците што сум го видел досега. Ја покажува длабочината на нивното зло“, вели роднина на една од киднапираните војници. „Ова е доказ дека нашиот најлош страв, оној од силувањето, не е само стравот“, додаде таа.

„За оние од нас кои изгубивме најблиски тој ден, ваквото видео е огромен поттик, не потсетува на ужасот од тој кобен ден“, рече мајката на еден од убиените војници.