Објавен јавeн повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“
Сојузот за младинска работа (СМР) го објави јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“, наменета за последимпломски академски студии по младинска работа.
Оваа стипендија е востановена во чест и спомен на Билјана Василевска Трајкоска, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен придонес во развојот и професионализацијата на младинската работа во нашата земја.
Стипендијата е наменета за сите заинтересирани лица кои:
* Планираат да се запишат на последипломските студии по младинска работа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
* Ги исполнуваат критериумите за упис на оваа студиска програма
Заинтересираните кандидати може да аплицираат до 10 февруари 2025 година, до 23:59 часот со испраќање на потребните документи наведени во повикот.
Детални информации за начинот на аплицирање и потребната документација се достапни на следниот линк: https://smr.org.mk/2025/01/31/јавен-повик-за-доделување-на-стипендии/