Обид за убиство во Драчево, по расправија пукал кон друг маж


Маж со пиштол пукал кон 47-годишниот Б.Р. на улицата Јустинијан Први во Драчево.

За случајот осомничен е Н.Е.(43), кому му е поднесена кривична пријава за убиство во обид.

Според информациите од полицијата, пукањето се случило на 16 јули, по претходна расправија поради нарушени меѓусебни односи.

Жртвата се здобила со тешки повреди.