Обдукцијата покажа дека Џефри Епстајн имал скршени вратни коски
САД- Обдукцијата направена на телото на Џефри Епстајн покажала дека претрпел неколку искршени вратни коски, наведе „Вашингтон пост“ во извештај што беше објавен вчера.
Лицата запознати со извештајот од обдукцијата рекле дека меѓу вратните коски кои се скршени е и подјазична коска, која се наоѓа во близина на јаболчниците.
Ваков вид на кршење коски може да се случи кога човек ќе се обеси или умре од давење.
Шеесет и шестгодишниот Епстајн во саботата беше пронајден мртов во затворската ќелија во Њујорк. Беше сместен сам во специјална ќелија.
Мултимилионерскиот менаџер на фондови за осигурување од ризици се наоѓаше во затвор од почетокот на минатиот месец, а во обвинението против него се наведува дека управувал со синџир за криумчарење со жени од 2002 до 2005 година. Се смета дека плаќал девојчиња на возраст од 14 години за сексуални услуги.
Тој се изјаснил дека не се чувствува виновен.