Нуланд побарала од Дендијас Грција да биде лидер во регионот


Потсекретарот за политички работи на Стејт департментот, Викторија Нуланд, вчера разговарала со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, за случувањата во Западен Балкан и побарала Грција да биде лидер во приклучувањето на регионот кон ЕУ.

Во објавата на Твитер Нуланд пишува дека ѝ се заблагодарила на Грција за „нејзиното лидерство“ во регионот и за „цвсстрата поддршка за европската интеграција на Западен Балкан“. Разговорот на Твитер го потврди и Дендијас

Грчките весници пишуваат дека овој телефонски разговор дошол пред гласањето за доверба на владата на Зоран Заев и го толкуваат како ситуација да не се загуби моментумот пред можната развсрска на блокадата на Бугарија во декември.

Вчера во Скопје беше и холандскиот премиер Марк Руте кој јасно изјави дека неговата земја дава целосна поддршка за почеток на преговорите на македонија и дека никој во ЕУ не стои задблокадата на Бугарија. „Тоа ме иритира“, рече Руте.