Нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија го намалува производството поради ниското ниво на Дунав


 Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ е принудена да го намали производството бидејќи реката Дунав се повлекува поради суша, соопшти денеска бугарското Министерство за енергетика.

Се наведува дека производството на Блок 5 од „Козлодуј“ ќе биде намалено од утре за околу 120 мегавати.

Блокот 5 има капацитет да генерира нешто повеќе од 1.000 мегавати.

Одлуката е дел од мерките за безбедно работење на нуклеарната централа Козлодуј, објави Министерството, прецизирајќи дека таа е диктирана од континуираното невидено и критично намалување на нивото на реката Дунав.

Мерката се применува за прв пат во 52-годишната оперативна историја на нуклеарната централа Козлодуј.